Русинот Дмитриј Смилјанец, кој е обвинет за еден од најголемите хакерски напади во историјата на САД, не признава дека е виновен за тоа дело, пренесува Ројтерс.
Првото сослушување околу кражбата и препродажбата на податоци од 160 милиони кредитни и дебитни картички се одржа во градот Њуарк во Њу Џерси.
Според верзијата на обвинителството, Дмитриј Смилјанец заедно со група истомисленици неколку години влегувале во големите компјутерски мрежи на големите американски и меѓународни компании, крадејќи податоци за кредитни картички. Загубите на оштетените партии изнесуваат околу 300 милиони долари.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче