Довербата на граѓаните на Русија кон судскиот систем паѓа. Повеќето Руси ќе се обратат во суд за заштита на своите права само во крајни случаи, дозна фондот „Општествено мислење“ (ФОМ).
Како што покажа анкетата на ФОМ, најзначајни права на човекот се правото за бесплатна медицинска помош (74%), на работа и плата (58%), на правичен суд (55%), на бесплатно образование (54%), а исто така и на лична слобода (46%).
Според мнозинството граѓани (57%) - обраќањето во судовите е постапка која може да се реализира само доколку има потреба од тоа, односно ако нема други начини за заштита на нивните права.
„Општеството има негативен став за сите државни институции“, смета раководителот на правната асоцијација „Агора“, Павел Чиков. Дури 37% од граѓаните на Русија сметаат дека судовите не носат правични одлуки.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче