Бунтовниците во Судан заробија руски хеликоптер

Во суданскиот регион Дарфур бунтовниците заробија хеликоптер Ми-8, изнајмен од руска компанија, а кој работел во рамките на договорот со мировната мисија на ООН.

Во суданскиот регион Дарфур бунтовниците заробија хеликоптер Ми-8, изнајмен од руска компанија, а кој работел во рамките на договорот со мировната мисија на ООН.

Поради техничка неисправност, хеликоптерот принудно слетал во суданската сојузна држава Јужен Дарфур. Во него се наоѓале три членови на екипажот, и сите тројца биле заробени од бунтовниците на Ослободителната војска на Судан. Државјанството на пилотот сѐ уште се утврдува, но засега се знае дека еден од нив е државјанин на Судан, додека другите двајца се странци. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња