Станува збор за еден од најочекуваните блокбастери во оваа година - филмот „Сталинград“ на Фјодор Бондарчук. Ова е еден од најрекламираните и најскапи филмови во руската кинематографија, како и прв руски филм кој е целосно снимен во технологијата IMAX 3D.
10-минутниот фрагмент од идниот филм беше претставен во Лос Анџелес за ограничен број луѓе. После приказот на фрагментот, Фјодор Бондарчук изјави за „Известија“ дека со помош на 3D форматот тој сакал да пренесе целосен „ефект на присуство“.
Продуцентот на филмот, Александар Родњански не скрива дека „Сталинград“ треба да биде адекватно примен од публиката како и „Трансформери“, „Хобит“ и други слични филмови, а без специјални технолошки новини - тоа е невозможно да се направи.
И покрај новите технологии во филмот, авторите сметаат дека со нив не се губи најважното, т.е. во филмот најважното место го зазема драмата на односите меѓу луѓето.
Во Русија филмот ќе почне да се прикажува на 10 октомври, а во САД - зимата 2014 година.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче