Следниот понеделник, на 19 август, замениците шефови на МНР на Русија и Јапонија, Игор Моргулов и Синсуке Сугијама ќе се сретнат во Москва, каде ќе разговараат за билатералните прашања, како и за проблемот околу склучувањето на мировен договор меѓу двете земји, пренесува РИА Новости.
„На 19 август во Москва ќе се одржат консултации меѓу замениците за надворешни работи на Руската Федерација и Јапонија. Во текот на средбата се планира да се отвори темата за билатералните односи, како и за склучувањето на мировен договор. Освен тоа, ќе се разговара и за актуелни меѓународни и регионални теми“, изјавија во одделот за информации и печат при МНР на Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче