Жител на Москва кој живее во центарот на градот во својата када принашол змија долга метар и половина, известува Интерфакс. Според неговите зборови, змијата најверојатно дошла во кадата преку канализацијата.
„Најверојатно змијата дошла преку канализацијата, посебно ако се има предвид дека во зградата на оваа улица не е решен вентилацискиот систем“, изјави московјанинот.
Тој изјави дека не повикал итна помош ниту комунални работници.
„Сфатив дека змијата може за тоа време да се скрие и да нанесе штета на соседите, па одлучив да ја фатам“, додаде московјанинот. Змијата успеал да ја фати со две крпи, а потоа ја ставил во стаклен правоаголник.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче