Die Welt: Руските туристи и нивната „неограничена“ вотка

По светот патуваат не само богатите Руси, ами и средната класа. Најмногу во Египет и Турција, затоа што во тие држави знаат што имено сакаат руските туристи.

По светот патуваат не само богатите Руси, ами и средната класа. Најмногу во Египет и Турција, затоа што во тие држави знаат што имено сакаат руските туристи.

Кога Хрватска стана членка на ЕУ и се појави проблемот со визите за таа земја, Турција стана туристичка цел со најниски бирократски пречки. И овде има добар однос меѓу цената и квалитетот. Сепак, овде сѐ е ориентирано на тоа да се задоволат каприците на Русите.

Не случајно „нападот“ на Турција станува се помасовен. „Русија има најмногу шанси да ги надмине сите, дури и Германците како традиционален лидер според бројот на туристи“, изјави Осман Ајик, раководител на здружението на хотелиери во Турција. Во минатата година во Турција одморале 3,6 милиони Руси. Оваа година се очекува зголемување на бројот на руски туристи за 15%. Додека Западна Европа ги привлекува, пред сѐ богатите Руи со карактеристичен за нив однос кон парите и нивното трошење, Египет и Турција се нацелија на руската средна класа, слој од општеството кој исто така е подготвен да го одврзи својот паричник.

За време на СССР Русите немаа можност слободно да патуваат, а во 90-те - немаа пари. Со доаѓањето на власт на Владимир Путин и растот на богатството на Русите - започнаа и сѐ помасовните патувања. Русите се светски лидери според средствата потрошени за еден ден за време на своето патување. Според податоците на Euromonitor International, во следните пет години оваа цифра ќе се згоелми од 227 долари на 469 долари. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.