Американските законодавци го критикуваат Путин

Американските законодавци продолжуваат да ја критикуваат Русија во врска со решението на Москва за доделување на привремен азил на Едвард Сноуден, човекот кој откри тајни информации за програмите за следење од страна на САД.

Американските законодавци продолжуваат да ја критикуваат Русија во врска со решението на Москва за доделување на привремен азил на Едвард Сноуден, човекот кој откри тајни информации за програмите за следење од страна на САД.

Одамна поминаа деновите после распадот на СССР, кога Вашингтон и Москва зборувале како партнери, како држави кои почнувале да градат заеднички сојузнички односи во периодот после завршетокот на „студената војна“.Во неделата американските законодавци во живо на телевизија ја нападнале владата на Русија, а особено и претседателот Владимир Путин. Сенаторот Џон Мекејн изјави во Fox News: „Тој (Путин), во минатото полковник на КГБ, човек кој нема никакви илузии околу нашите односи. Него не го интересираат односите со САД. Тој продолжува да го обесправува својот народ, продолжува да ги потиснува медиумите, продолжува да дејствува авторитарно“.

Мекејн забележа дека ситуацијата со Сноуден сигнализира за „неверојатно лошите односи меѓу САД и Русија“, и исто така за тоа дека претседателот Путин во одреден степен ја понижи Америка. „Тие (раководството на Русија) не реагираат на нас, било тоа да се однесува за Сирија, проблемите за намалување на нуклеарниот арсенал или правата на хомосексуалците...“, изјави сенаторот Менендез за телевизијата ABC.

На прес-конференцијата во петокот, претседателот на САД, Барак Обама изјави дека тој има „добри односи“ со претседателот Путин. Сепак, минатата недела Белата куќа изјави дека ја откажува планираната средба меѓу лидерите на Русија и САД. Напрегнатоста во американско-руските односи не го намали ниту однесувањето на средбата меѓу Џон Кери и Чак Хејгел со шефот на МНР на Русија, Сергеј Лавров и министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу. Според зборовите на американските претставници, средбата поминала во „позитивна и конструктивна“ атмосфера. Во врска со откажувањето на средбата меѓу американскиот и рускиот претседател, советникот на претседателот Путин за меѓународни односи изјави дека САД демонстрирале неспособност за развивање на односи со Русија како рамноправни партнери. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња