Најлошото конечно се случи. За тоа требаше повеќе време отколку што првично се очекуваше - речиси 2.000 денови, но надворешната политика на Барак Обама конечно претрпе крах, и со тоа ги натера Американците да гледаат со отворени усти пред сите случувања. Обама го ослаби американското влијание и нанесе удар по честа на САД, таков удар, што по последиците од него тешко дека ќе може лесно да се поправат.
Рускиот правник Владимир Березански на страниците на The Moscow Times го свири својот посмртен марш. Фактот дека Русија му даде азил на Едвард Сноуден, тој го нарекува „суецки момент“. Под тоа тој подразбира дека Кина и Русија во реалност го пукнаа меурот на американската власт и влијание, исто како што порано САД направија со Франција и Британија во периодот на суецката криза. После тоа Франција и Британија веќе не можеа да станат она што претходно беа, тврди Березански. САД не можат да бидат истите после Сноуден. Гледајќи ја беспомошноста на Обама додека двете злобни диктатури се смеат над САД, јас се присетувам на иранската криза со заложниците и воената интервенција во Авганистан, кога претседател беше Џими Картер. Русија излезе од кожа за да демонстрира потценување во односите кон САД, провоцирајќи ги и сакајќи на тој начин да го понижи Обама. Русија за тоа не потроши воопшто многу време, а Сноуден доби максимален број предности. Русија даде јасен сигнал дека воопшто не ѝ е грижа за односите со САД, дека таа не се плаши од одговорот на Обама, и смета дека реакција и нема да има. Обама како договор покажа дека никакви санкции од типот на бојкот на Олимпијадата тој нема да применува, и на тој начин уште еднаш му предаде на Путин една лесна победа.
Еден од најпознатите експерти за Русија, Леон Арон, смета дека слабата реакција на Обама околу делото Сноуден (откажувањето на средбата со Путин) стана фатална демонстрација на слабоста и националното бесчестие. Арон забележа дека Обама можел да се откаже од учеството на самитот Г-20 во Русија, кога и беше планирана средбата со Путин, а можеше и да се сретне со Путин, обвинувајќи го за тоа што може да се смета за објавување војна на САД. Но Обама сосема претскажувачки не го направи ниту едното, ниту другото. На самитот тој ќе оди, но нема да се сретне со Путин. Наместо да го казни Путин, тој нему му врши услуга.
Со Сноуден Путин го направи најлошото против САД. А САД одговорија на тоа со максимална мекост. Сигналот на Обама кон Путин е јасен: и понатаму работи со исто темпо. Руските политички аналитичари отворено се посмеаја над слабоста на Обама.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче