Руската економија не умира, таа едноставно е во кома

Министерот за економски развој на Русија ги „успокои“ Русите.

Министерот за економски развој на Русија, Алексеј Улјукаев призна дека економијата на државата стагнира, но притоа подвлече дека економски пад во државата „нема и нема да има“.

„Рецесија нема. И нема да има. Стагнација, најверојатно, не е термин кој е најсоодветен. Ниското темпо на раст - тоа е институционален фактор, структурален, макроекономски. И тоа е тоа, со што треба да се занимаваме долго време“, изјави рускиот министер за „Комерсант“.

Според зборовите на министерот, ќе биде разгледана прогнозата за претстојната буџетска политика за следните три години, како и долгорочната прогноза во рамките на подготовката на буџетската стратегија до 2030 година. „Најверојатно ќе треба да сметаме на една поконзервативна оценка за идните темпа на раст на економијата, оценка која ќе ги земе предвид и перспективите на глобалниот раст, како и нашата конкурентност“, забележа тој.

Улјукаев изјави дека фактори поради кои во Русија нема да настапи рецесија е побарувачката и извозот. „Чистиот извоз од Русија не може да биде силен „драјв“ за економски раст, иако тој доста долго може да обезбеди мал, но позитивен раст на економијата. Нашата структурна и социјална матрица може да држи темпо на раст на околу 3%. Тоа е средното темпо кое го очекуваме. Но без сериозни промени на институционалната средина, тешко дека можеме да очекуваме посериозен раст“, смета министерот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња