Москва и Техеран наскоро ќе потпишат договор за изградба на нова нуклеарна централа во Иран. Ова го пренесува локалната информативна агенција МЕХР, повикувајќи се на министерот за надворешни работи на Иран, Али Акбар Салехи.
Во соопштението на иранското МНР се кажува дека двете држави веќе одржале консултации, за време на кои било решено наскоро да се потпише договор за “разбирање околу изградбата на нова нуклеарна станица“. Салехи подвлекол дека нуклеарната енергија му е потребна на Иран за обезбедување на потребите на земјата, а исто така и за медицински потреби.
Претходно новиот претседател на Иран, Хасан Рухани за време на својата инаугурација изјави дека државата ќе ги продолжи преговорите со Руската Федерација околу развојот на нуклеарната енергија во државата. Тој исто така подвлече дека неговата држава треба да добие 20.000 мегават часови нуклеарна енергија, и затоа Техеран ќе изгради нови нуклеарни централи, и затоа соработката со Русија е во централен план.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче