Петицијата за укинување на „антипиратскиот закон“ ги собра неопходните 100.000 потписи на интернет-страницата „Руска општествена иницијатива“. Сега, според законот, документот за забрана на произволните блокирања на интернет-страниците“ треба да се анализира од специјална експертска група на федерално ниво под раководство на рускиот министер за врски и комуникација.
Собирањето на 100.000 потписи беше реализирано за нешто повеќе од еден месец. На федерално ниво ова е втора иницијатива која потекнува од Интернет. Првата се однесува на забраната за купување скапи автомобили за чиновниците.
Федералниот закон 187-Ф3, или т.н. „антипиратски закон“ внесува поправки во неколку законодавни акти и ја дефинира постапката на правните органи за заштита на интелектуалните права поврзани со играните филмови.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.