Сенаторот Џон Мекејн го нарече „добро, но не доволно“ решението на претседателот на САД, Барак Обама за откажување на средбата со претседателот на Русија, Владимир Путин.
Мекејн исто така изјави дека „САД треба да направат повеќе од едноставното откажување на средбата“. „На пример, треба да се прошири списокот Магнитски“, ги пренесува Интерфакс зборовите на републиканецот.
Тој исто така смета дека САД треба да склучи договор за слободна трговија со Европа, за да може Европа да се ослободи од зависноста од руската нафта, Грузија да се приклучи кон НАТО, како и да се распоредат елементите на противракетниот штит во Европа.
„Тоа не е конфронтација, тоа е само реалистичен приод кон држава која не дејствува во интересите на мирот во светот“, изјави Мекејн во интервју за Fox News.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче