Одржувањето на самитот Г-20 во Санкт Петербург ќе помогне да се зголеми бројот на туристи во градот за 10 до 12%, изјави претседателот на комитетот за развој на туризмот, Александр Шапкин. Во Петербург ќе дојдат 300.000 нови туристи, очекува Шапкин. После празнувањето на 300 годишнината на Санкт Петербург, бројот на туристи се зголеми во градот за 13,6%, а после самитот Г-8 во 2006 - за 6 до 7%, изјави тој. Во странските медиуми Санкт Петербург илјадници пати е спомнат како град на самитот Г-20, на истиот се очекува да дојдат околу 3.000 новинари, а тоа сигурно ќе го зголеми интересот за Санкт Петербург.
Г-20 ќе се одржи на 5 и 6 септември во Константиновскиот дворец. Се очекува 26 лидери на земји и 8 раководители на меѓународни организации да присуствуваат на самитот.
Во последниве неколку години најмногу туристи во Санкт Петербург биле регистрирани во 2011 година - 2,9 милиони.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче