Претседателот на Русија, Владимир Путин на видео-конференцијата посветена на ситуацијата на Далечниот Исток ја пофали координираната дејност на федералните институции и регионалните власти за време ликвидацијата на последиците од временските стихии кои деновиве беснееја во регионот.
„Сакам да ви се заблагодарам за работата која беше завршена. Ако ги прашаме луѓето, веројатно е дека ќе има забелешки за тоа како ја држевме под контрола работата, но општо земено, успеавме да ја задржиме ситуацијата под контрола“, изјави Путин.
Путин исто така додаде дека е потребен систем за навремено известување.
Претходно е објавено дека компензациите за настраданите од поплавите ќе изнесуваат повеќе од милијарда денари.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче