Германија, Русија и Кина - главни цели на американското разузнавање

Германија е една од приоритетните цели на американската Агенција за национална безбедност. Како што пренесува денес „Шпигел“.

Германија е една од приоритетните цели на американската Агенција за национална безбедност. Како што пренесува денес „Шпигел“, најголем интерес за Вашингтон е надворешната политика и стабилноста на економијата на федеративната република, а исто така и извозот на вооружување, пред сѐ во земјите на Персискиот залив.

Ова се заклучоците од новата порција документи од Едвард Сноуден. Според документите, кои имаат априлски датум, американското разузнавање ги оценува своите цели на скала од 1 до 5. Германија се наоѓа во средината на скалата, заедно со Јапонија и Франција. На прво место се наоѓаат држави како Кина, Русија и Иран, забележува весникот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња