Воен брод на САД во 2008 „пловел кон Грузија“

Претседателот на Грузија, Михаил Саакашвили тврди дека САД за време на конфликтот во август 2008 ја ставиле својата авијација во Турција во борбена готовност, додека бродовите на Воената морнарица на САД, од кои еден на кој имало крстаречки ракети, тргнале кон Грузија.

Според зборовите на Саакашвили, потпретседателот на САД, Дик Чејни го известил за вооружувањето на бродот. „Кога шестата флота на САД тргна кон Грузија, тој секако беше вооружен со крстаречки ракети. Потпретседателот Чејни директно ми рече: ’Јасно тие дека не носиме вода за пиење, во прашање е сериозен товар’“, изјави Саакашвили во интервју за украинскиот телевизиски канал ZIK, а пренесува РИА Новости.

„Кога Буш дојде во Вашингтон, тие ја ставија авијацијата во Турција во полна бојна готовност, а додатни авиони биле упатени во нивната база во Романија“, додаде Саакашвили. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.