Шојгу: САД ќе учествуваат на вежбите „Запад-2013“

САД ја прифатија поканата на Русија да учествуваат во вежбите „Запад-2013“, изјави шефот на Министерството за одбрана, Сергеј Шојгу после руско-американските консултации во формат „два плус два“.

САД ја прифатија поканата на Русија да учествуваат во вежбите „Запад-2013“, изјави шефот на Министерството за одбрана, Сергеј Шојгу после руско-американските консултации во формат „два плус два“.

„Ние навистина ги поканивме (колегите од САД) да учествуваат на вежбите „Запад-2013“, ги пренесува РИА Новости зборовите на министерот.

Шојгу е уверен дека американската страна ќе дојде на вежбите. Тој не забележа дека САД го измениле својот однос кон прашањата кои се однесуваат на воената соработка.

„Ние ја проверуваме војската не затоа што се подготвувавме со некого да војуваме, туку за да ја провериме воената подготвеност на нашите вооружени сили“, подвлече шефот на Министерството за одбрана, забележувајќи дека во иднина праксата за поканување странски држави на заеднички вежби може да биде проширена. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.