Грузискиот претседател, Михаил Саакашвили изјави дека се обидувал да ги поправи односите со раководството на Русија, но немал успеси во тоа. Како што известува „Регнум“, тој таа изјава ја дал за ТВ каналот „Рустави 2“ за време на интервјуто кое е дадено за годишнината на војната од август 2008.
„Со рускиот претседател Путин секогаш сум разговарал убаво, однесувајќи се како јагне пред волк, но волкот на јагнето никогаш нема добронамерно да погледне“, изјави грузискиот претседател. Притоа, тој ги повика граѓаните на Грузија да го имаат предвид неговото искуство како претседател и да го продолжат патот кон европските интеграции.
„Ние не треба да бидеме овци, тој пат веќе го поминавме, но од тоа ништо не добивме“, заклучи Саакашвили. До подобрување на односите со Русија, според него, може да дојде само ако грузискиот народ е подготвен да се „откаже од значаен дел од својата територија и да се откаже од развојот и од своите надежи за иднината“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче