Во Русија во следниот период миграциската политика ќе биде заострена, истакна заменикот началник на Федералната служба за миграција на Русија, Елена Радочина.
„Веќе се заострени казните за работниците-мигранти кои го надминале периодот за престој во Русија од 30 дена. Постои можност на таквите лица да им се забрани влез во Русија“, наведува Радочина. Според нејзините зборови, во моментов се работи на тоа да се идентификуваат и санкционираат оние емигранти кои два или повеќе пати ги прекршиле миграциските прописи. Ним исто така може да им биде забранет влезот во Русија, пренесува ИТАР-ТАСС.
Радочина нагласи дека законите кои стапиле во сила во 2013 година значително го прошируваат списокот на основи по кои на емигрантите може да им се укине правото за престој во Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче