Обама: Путин понекогаш личи на ученик од задната клупа

Претседателот на САД, Барака Обама тврди дека неговата комуникација со рускиот колега Владимир Путин има конструктивен карактер, и покрај тоа што медиумите сакаат да го тврдат обратното.

Претседателот на САД, Барака Обама тврди дека неговата комуникација со рускиот колега Владимир Путин има конструктивен карактер, и покрај тоа што медиумите сакаат да го тврдат обратното.

„Нашиот дијалог е доволно отворен, понекогаш и конструктивен“, рече Обама на прес-коференцијата во Вашингтон во петокот.

Претседателот на САД забележа дека медиумите денес сакаат да посветуваат внимание на неговите надворешни признаци, особено на тоа дека Путин понекогаш изгледа како ученик од задната клупа. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.