Американската вселенска агенција НАСА отвори руска верзија на својата интернет-страница. Руската интернет-страница е отворена на порталот со снимки од површината на Марс направени со камерата HiRISE, инсталирана на сондата MRO.
„Самите ние располагаме со интернет-ресурси за пошироката јавност од НАСА на руски јазик. Тоа е многу важно бидејќи Русија и САД се партнери во Меѓународната вселенска станица“, изјави за РИА Новости координаторот на проектот HiRISE за односи со јавноста, Израел Еспиноза.
Научниците кои работат со камерата одлучија да направат интернет-страница со снимки од Марс кои ќе им бидат достапни на луѓето кои лошо го владеат англискиот јазик или воопшто не го знаат. На тој начин е започнат и волонтерскиот проект HiTranslate. Учесниците на овој проект волонтерски преведуваат натписи од фотографии, објаснувања и статии на интернет-страницата. Засега на порталот HiRISE постојат девер сегменти на различни јазици: француски, шпански, италијански, португалски, холандски, исландски, грчки и арапски. Рускиот сегмент е десетти.
„Тимот на руски волонтери е најголем. Во него работат 60 луѓе. Тие учествуваат не само во создавањето на руската интернет-страница, туку и во формирањето на профил на Tumblr“, изјави Еспиноза.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче