Москва прва во светот според брзината на изградба на метрото

Москва се најде на првото место во светот според брзината на изградба на метрото, соопшти заменикот на градоначалникот на Москва за урбанизам и изградба, Марат Хуснулин.

Москва се најде на првото место во светот според брзината на изградба на метрото, соопшти заменикот на градоначалникот на Москва за урбанизам и изградба, Марат Хуснулин.

„Иако пред две годни немавме ниту концепција, ниту проектна документација, па моравме да почнеме практично од нула, во текот на минатите две години успеавме да изградиме 12 километри метро. Оваа година ќе изградиме уште 12,5 километри, шест станици две депоа. Можам да кажам дека според брзината на изградба на метрото се најдовме на првото место во светот, изјави Хуснулин.

Тој додаде дека во моментов во изградбата на метрото работат 32.000 работници, што е двојно повеќе од минатата година. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.