Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавов, изјави дека и покрај несогласувањата меѓу САД и Русија, двете држави се подготвени проблемите да ги решаваат спокојно. Ова тој го изјави на средбата на руските и американските министри за надворешни работи и одбрана во Вашингтон.
„Имаме густ распоред. Во него, секако, има и прашања за кои имаме различни мислења. Ние, секако, ќе продолжиме и понатаму да ги решаваме прашањата и проблемите спокојно, како што треба“, ги пренесува неговите зборови РИА Новости.
Лавров подвлече дека Русија и САД „ги обединува заедничката одговорност во спречувањето на дестабилизација на глобалната ситуација...“.
Претходно во петокот државниот секретар на САД, Џон Кери, изјави дека „судирите“ меѓу Русија и САД не треба да влијаат на соработката меѓу двете држави.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче