Музичарите од групата Bloodhound Gang, чиј басист направи скандал со знамето на Русија во Одеса, најверојатно ќе добијат забрана за влез во Руската Федерација во следниве пет години.
Во службата за миграција изјавија дека оваа варијанта се разгледува од страна на властите.
„Јас знам дека ова прашање се разгледува од колегите, и јас сметам дека ќе им биде забранет влезот во Русија. За такви нешта како непочитување на симболиката на државата во секој случај треба да се забранува влез во државата“, ги пренесува РИА Новости зборовите на Олег Молодиевски, началник во Федералната служба за миграција.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче