WSJ: заладени се односите на Русија и САД после откажувањето на средбата во Москва

Решението на претседателот на САД, Барак Обама да ја откаже средбата со Владимир Путин во Москва зборува за забрзано заладување на односите меѓу двете држави, пишува The Wall Street Journal.

Решението на претседателот на САД, Барак Обама да ја откаже средбата со Владимир Путин во Москва зборува за забрзано заладување на односите меѓу двете држави, пишува The Wall Street Journal. Како што пишува весникот, причина за ова е, покрај другото, делото со Едвард Сноуден, ситуацијата во Сирија и прашањето на противракетниот штит.

Откажувањето од московските преговори ја откри најниската точка во односите меѓу Москва и Вашингтон уште од доаѓањето на Обама на власт, смета изданието.

Како што забележува весникот, американски лидер откажува слична средба за прв пат во последниве неколку децении. Сепак, изданието смета дека решението на Обама не зборува за целосен прекин на односите.

Los Angeles Times ја нарекува ситуацијата со Сноуден „последната капка“ која го натера Вашингтон да се откаже од преговорите во Москва. Во секој случај, како што смета весникот, тешко дека ќе донесеше било какви резултати таквата средба. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња