Во Санкт Петербург го легализираа незаконски изградениот Балкански мост

Балканскиот мост преку Волковскиот канал во Санкт Петербург, кој беше изграден без дозвола, е легализиран со судска пресуда. Мостот е изграден за да служи како скратен пат до трговскиот комплекс „Балканија Нова“ на Балканската улица, а отворен е за сообраќај во април 2010. Во летото 2011 мостот го доби името „Балкански“.

Според договорот, после завршетокот на изградбата мостот требаше да остане во сопствеништво на градот, но Федералната служба за државна регистрација „Росреестр“ во Санкт Петербург не го призна правото на своина. Утврдено е дека „новиот мост е изграден без дозвола“, бидејќи на парцелата каде што се наоѓа мостот не е планирано да се гради ништо. Сега со пресудата од арбитражниот суд овој објект е предаден во сопствеништво на Санкт Петербург. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.