Традиционално произведувачите на алкохол го сметаат првиот квартал од годината за најлош, особено поради купувањата на алкохол за време на новогодишните празници. Сепак, во оваа година трендот во однос на вискито не се потврди. Споредбата со резултатите од продажбата во четвртиот квартал во 2012 и првиот квартал во 2013 година покажува дека продажбата на виски во Русија расте по сите параметри.
Според податоците на „Ромир“, во секое трето семејство во градовите на Русија луѓето пијат виски. Во првиот квартал во 2013 година, секое семејство кое купува виски - купило виски дури двапати, што не било случај досега.
Како може да се објасни овој феномен? Не е исклучено дека причина за ова може да се зголемените цени на вотката од 1 јануари годинава. Експертите претскажаа дека е можно префрлање на интересот на потрошувачите на некој друг пијалак во случај ако се зголеми цената на вотката, што излезе дека е вистина, но ретко кој мислеше дека пијалакот кој ќе го изберат Русите ќе биде имено вискито.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче