Примероци на Библијата ќе се најдат во хотелските соби во руските хотели, со што ќе се воведе пракса, еднаква на таа во европските хотели. Како што пренесува ИТАР-ТАСС, прв таков хотел ќе стане комплексот „Измајлово“. Во информативниот оддел на Руската православна црква изјавија дека 6.000 примероци на Библијата ќе бидат дадени на тој хотел на 9-ти август.
„Практично во секој европски хотел гостите можат да најдат примерок на Библијата“, изјави претседателот на мисионерската комисија, јеромонахот Дмитриј Першин. Според неговите зборови, „Евангелието е книга која е основа на европската култура“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче