Популарната американска пејачка Лејди Гага ја поддржа ЛГБТ популацијата во Русија, а однесувањето на руската влада го нарече „криминално“. „Во владата на Русија има криминалци. Кршењето на човековите права ќе предизвика револуција. Претставници на ЛГБТ популацијата во Русија, знајте, не сте сами... Ќе се бориме за вашата слобода“, напиша на својот микроблог на Твитер.
„Им посакувај храброст на руските хомосексуалци. Властите користат праисториски методи. Нападите со солзавец, тепања – значи таква е мајка Рсија!?“, порачува загрижената пејачка.
„Зошто не ме уапсивте кога имавте шанса? Дали се уплашивте поради реакцијата на светот?“, запраша пејачката. Концертот на Лејди Гага во Русија беше одржан во декември.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче