Кратерите на Марс добија имиња на руски градови

Три кратера на Марс во близина на местото на слетување на советската меѓупланетарна станица „Марс 3“, добија имиња во чест на руските градови Реутов и Белјов, како и во чест на железничката станица и населбата Тјуратам во предградието на Бајконур, соопшти за РИА „Новости“ Виталиј Егоров, иницијатор на барањето на советската сонда на снимките на Марс.

„Меѓународната астрономска унија ги усвои тие имиња и на 5 август тие се најдоа во официјалниот каталог“, истакна Егоров, пренесува РИА „Новости“.

Обичај е помалите кратери на Марс да добиваат имиња на села, населби или помали градови (со помалку од 100.000 жители). Руските научници предложија името на подмосковниот град Реутов да го дадат на 18-километарскиот кратер кој се наоѓа во големиот кратер Птоломеј, додека во чест на градот Белјов во Тулската област предложено е да се именува кратер со пречник од 180, односно 270 метри. Овој кратер се наоѓа близу до претпоставеното место на слетување на советската станица „Марс 3“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња