Huffington Post: светот треба да се подготви за помалку предвидлива Русија

Светот треба да се подготви за помалку стабилна и предвидлива Русија, се кажува во статија на The Huffington Post.

Светот треба да се подготви за помалку стабилна и предвидлива Русија, се кажува во статија на The Huffington Post. Автори на статијата е поранешниот амбасадор на САД во Казахстан и Грузија, поранешен специјален помошник на претседателот за Русија, Украина и Евроазија, Вилиам Кортни и поранешниот раководител на одделот за Европа во сенатскиот комитет за надворешна политика, Мајкл Холтцел.

Според мислењето на авторите, Русија се движи кон авторитаризам и станува земја на намалена политичка стабилност. „Западот треба да се дистанцира од претседателот Владимир Путин, да ги поддржи демократите и да се подготви за една понепредвидлива Русија“, сметаат авторите.

Тие сметаат дека Русија може да се чини политички стабилна, но општествените протести се знак за незадоволство. Освен тоа, растот на економијата е намален, и, на крај, во државата се засилува „ксенофобскиот национализам“.

Затоа, како што сметаат авторите, западните држави треба да ја изменат својата политика кон Русија. Тие забележуваат дека во случај на немири или револуција, Русите треба да го одберат својот пат самостојно, но Западот исто така може да помогне за мирен и демократски премин. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња