Лидерите на ЛГБТ заедници во 27 градови во САД ги повикаа властите да ги раскина побратимствата со градовите во Русија поради законот за забрана на геј-пропаганда меѓу малолетниците, пренесува GayRussia.
Иницијаторите на петицијата сметаат дека прекинувањето на побратимствата со руските градови ќе прати сигнал дека ваквите закони се неприфатливи.
Меѓу градовите кои имаат побратимства со руски градови се Лонг-Бич во Калифорнија, кој има таков статус со Сочи, каде ќе се одржи следната зимска Олимпијада.
Друга петиција е пуштена во Лос Анџелес, кој е град-побратим со Санкт Петербург.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче