Во јуни годинава за прв пат е забележан природен раст на населението во Русија

„Во јуни за прв пат во оваа година е регистриран природен прираст на населението во Русија. Природниот прираст изнесува 7.000 лица“, изјави министерот за труд и социјална заштита, Максим Топилин.

„Во јуни за прв пат во оваа година е регистриран природен прираст на населението во Русија. Природниот прираст изнесува 7.000 лица“, изјави министерот за труд и социјална заштита, Максим Топилин.

Според податоците на неговото министерство, од јануари до јуни годинава природниот прираст на населението бил негативен и изнесувал 52.900 лица, што е за 7,2% помалку, отколку за истиот период минатата година. Природен прираст е забележан во 34 од 83 региони во Русија.

Во јуни 2013 година се родиле 149.800 деца, што е за 3.600 помалку отколку во јуни 2012 година. Вкупно од јануари до јуни 2013 година се родиле 903.200 деца, што е за 2.600 помалку отколку за истиот период минатата година. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.