Русите мечтаат за станови од 90 квадратни метри

Русите се многу толерантни во однос на нивните станбени услови.

Русите се многу толерантни во однос на нивните станбени услови. Средното семејство во Русија живее во станбен простор од 58 квадратни метри. Тоа е обично двособен стан во кој се регистрирани не повеќе од тројца. Околу 70% од куќите и становите во државта се изградени до 1990 година и им треба ремонт. Сепак, повеќе од половина од жителите на државата ја сметаат својата станбена ситуација за „одлична или добра“ и само 1% сметаат дека живеат во „неподносливи услови“. За среќа, големите станови не се најпотребни на Русите. Како што покажа истражувањето на „Ромир“, средниот жител во Русија посакува стан од 93 квадратни метри.

Секое второ семејство во Русија сака да ги подобри своите станбени услови. Речиси 30% планираат да го решат тој проблем во следниве 1-2 години. Само 15% од жителите се помирени со тоа дека целиот живот ќе живеат во становите и куќите во и сега живеат. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња