Претседателот на Чеченија, Рамзан Кадиров, му вети на Владимир Путин дека ќе ја намали невработеноста во Чеченија до 0%. Исто така, Кадиров има планови да го подигне нивото на земјоделството во државата на ново ниво. Според него, во републиката продолжува позитивната динамика во социјално-економскиот развој, а општествено-политичката состојба во Чеченија е „стабилна и нема никакви причини за да се влоши“. Путин ги пофали резултатите во економијата, но напомна дека има уште многу проблеми кои треба да се решат, особено во сферата на образованието.
На прашањето за невработеноста во Чеченија, Кадиров изјави дека сега таа изнесува 23%, што е многу подобро отколку во моментот кога тој застанал на чело на републиката, кога процентот на невработени изнесувал 70%.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче