Рускиот јазик е воведен како нов официјален јазик на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина.
Досега на меѓународно ниво официјални јазици во Црвениот крст беа англискиот, францускиот, шпанскиот и арапскиот. Во последнава година рускиот јазик стана неопходен не само за работата на Црвениот крст на Русија, туку и во работата на т.н. национални друштва на Црвениот крст на територии каде се зборува рускиот јазик.
Меѓународната федерација ја поддржа иницијативата на Црвениот крст на Русија за да стане рускиот јазик официјален јазик во рамките на ова здружение. За меѓународната конференција во 2011 на руски јазик беа преведени преку илјада страници различни материјали.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче