Руската тенисерка Шарапова по деветти пат стана најбогата спортистка во светот

Руската тенисерка Марија Шарапова е на чело на листата на Форбс за најдобро платени светски спортистки. Шарапова годишно заработува 29 милиони долари, стои во извештајот на американското издание.

Руската тенисерка Марија Шарапова е на чело на листата на Форбс за најдобро платени светски спортистки. Шарапова годишно заработува 29 милиони долари, стои во извештајот на американското издание.

Од јуни 2012 до јуни 2013 руската тенисерка заработила 29 милиони долари (6 милиони од награди на турнирите, а 23 милиони од спонзорски договори).

Руската спортистка веќе по деветти пат е на првото место на Форбсовата листа. На второто место е Серена Вилијамс со заработени 20,5 милиони долари, а на третото место е кинеската тенисерка На Ли со заработка од 18,2 милиони долари. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња