Русите победија на Олимписките игри за глуви

Репрезентацијата на Русија го зазеде првото место по неофицијалните збирни резултати на Олимписките игри за глуви кои се одржуваат во бугарскиот град Софија од 25 јули до 4 август.

Репрезентацијата на Русија го зазеде првото место по неофицијалните збирни резултати на Олимписките игри за глуви кои се одржуваат во бугарскиот град Софија од 25 јули до 4 август.

На 22-те Игри за спортисти кои имаат проблеми со слухот, Русите освоија 67 златни, 52 сребрени и 58 бронзени медали, и со тоа поставија рекорд во бројот на медали кои претставниците на една земја ги освоиле на Олимписките игри за глуви. Претходниот рекорд е исто така руски, и е поставен во 2009 година.

Олимписките игри за глуви се одржуваат од 1924 година. Учесниците на овие игри се натпреваруваат во склад со правилата кои важат за обичните спортисти. Поради тоа, нивните игри се одржуваат одвоено од Параолимписките игри, каде правилата се прилагодени според степенот за инвалидитет на учесникот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња