Рогозин се заложи за обединување на вселенската и авио-индустријата

Вицепремиерот на Русија, Дмитриј Рогозин, предложи да се размисли за обединување на руската вселенска и авио-индустрија. Според неговите зборови, двете индустриски гранки треба да се „обединат во една компанија со иста техничка политика“, пренесува РБК.

Зборувајќи на заседанието на комисијата која ги разгледува примероците на паднатата ракета „Протон М“, Рогозин истакна дека раздвоеноста на вселенската и авио-индустријата во Русија е вештачка. „И те како има смисла обете индустрии да се здружат, бидејќи авијацијата веќе ги проширува своите можности. Многу е веројатно дека во иднина ќе се појава летала за авио-сообраќај кои ќе можат да полетаат и во вселената“, изјави Рогозин. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња