Песните на Bloodhound Gang нема да се пуштаат на радиото „Европа Плус“

Од радио-програмите на „Европа Плус“ се исклучени песните на американската рок-група Bloodhound Gang, пренесува РИА Новости, повикувајќи се на програмскиот директор на радиостаницата, Роман Олегов.

Од радио-програмите на „Европа Плус“ се исклучени песните на американската рок-група Bloodhound Gang, пренесува РИА Новости, повикувајќи се на програмскиот директор на радиостаницата, Роман Олегов.

Еден од музичарите на групата, бас-гитаристот Џаред Хаселхоф минатата недела за време на концерт во Одеса го сквернавеше руското знаме. Групата доби „не“ за настап на рускиот фестивал „Кубана“, по што таа веднаш ја напушти Русија по барање на властите. Во понеделникот на 5 август МВР на Русија покрена кривична постапка поради случката со знамето на Русија.

Претходно и радио-станицата „Максимум“ се откажа од песните на оваа група.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња