Обама ја откажа средбата со Путин во Москва

Шефот на Белата куќа ќе земе учество на самитот Г-20, но нема да има средба со претседателот Путин во Русија. Оваа информација ја потврдија во Белата куќа.

Шефот на Белата куќа ќе земе учество на самитот Г-20, но нема да има средба со претседателот Путин во Русија. Оваа информација ја потврдија во Белата куќа.

Претходно оваа информација ја пренесоа сите информативни агенции во САД, повикувајќи се на Associated Press.

Средбата Путин-Обама во септември е откажана поради отсуство на прогрес меѓу двете земји, се кажува во соопштението на портпаролот на Белата куќа, Џеј Карни.

„Земајќи предвид дека немаме прогрес во последните дванаесет месеци по прашања како противракетната одбрана, контролата над вооружувањето, трговските и комерцијалните односи, прашањата за глобалната безбедност, правата на човекот и граѓанското општество, ние ја информиравме руската влада дека е поконструктивно да се одложи средбата сѐ додека не постигнеме прогрес“, изјави Карни.

„Разочарувачкото решение на Русија да му даде на Едвард Сноуден привремен азил исто така е фактор кој го зедовме предвид“, додаде портпаролот на Белата куќа. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.