Рекордна сума за изградба на нови метро станици е планиранa да се потроши во главниот град на Русија.
На интернет-страницата за државни набавки е објавен конкурс за склучување н договор за изградба на нови метро станици по принципот „клуч на рака“. Победникот на конкурсот треба да ги изведе сите градежни и технолошки работи, да обезбеди проектна и работна документација, како и да ја инсталира целата потребна опрема.
До крајот на 2020 година московските власти се обврзаа да изградат 158,4 километри линии, 79 станици, 9 нови депоа, за што ќе бидат потребни околу 23 милијарди евра инвестиции. За изградбата веќе се ангажирани сите поголеми компании во Русија.
Проценето е дека за да се изгради 1 километар метро, градот треба да даде 200 милиони долари.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче