Лукоил е заинтересиран за ирачкото наоѓалиште Киркук

Премиерот на Ирак, Нури ал-Малики, добил известување од руската влада за интересот на руската приватна нафтена компанија Лукоил за ирачкото наоѓалиште Киркук, пренесува IraqiNews. „Руската влада му упати порака на премиерот Малики дека Лукоил е заинтересиран за Киркук“, пренесува агенцијата.

Алија Самигулина, претставничка во кабинетот на Аркадиј Дворкович потврди дека пораката била испратена. „Министерството за надворешни работи и Министерството за енергетика се иницијатори. Пораката се однесува на широк спектар прашања. Се спомнуваат интересите на различни компании, вклучувајќи го и Лукоил“, изјави Самигулина. Претставник на Лукоил не можеше да одговори на прашањето дали компанијата упатила порака на ирачката влада и дали има одговор. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња