Кремљ е разочаран од решението на Обама

Откажувањето на средбата меѓу Путин и Обама ќе нанесе штета на интересите на САД.

Помошникот на претседателот на Русија, Јуриј Ушаков, изјави дека Москва е разочарана од решението на претседателот на САД, Барака Обама за откажување на средбата со претседателот на Русија, Владимир Путин.

„Ние сме разочарани од решението на администрацијата на САД за откажување на планираната средба за почетокот на септември. Јасно е дека решението е поврзано со ситуацијата со Сноуден која воопшто не беше создадена од нас“, изјави тој.

Сепак, поканата за Обама да ја посети Москва останува, и Русија е подготвена да соработува со Вашингтон за сите прашања.

„Самиот проблем покажува дека САД, како и порано, не се подготвени да градат односи со Русија како рамноправни партнери. Веќе доста години Американците го откажуваат потпишувањето на билатералниот договор за екстрадиција, и нашите молби за екстрадиција на лица кои извршиле криминал во Русија а се наоѓаат во САД - секогаш сме добивале „не“ како одговор, повикувајќи се на отсуството на договор со кој се регулира тоа“, изјави Ушаков. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.