Белата куќа во следните неколку дена ќе се изјасни за посетата на Обама во Москва

Прашањето за посетата на американскиот претседател во Москва ќе се реши во следните неколку дена, изјави портпаролот на Обама, Џеј Карни за новинарите во понеделникот на конференција во Вашингтон.

Прашањето за посетата на американскиот претседател во Москва ќе се реши во следните неколку дена, изјави портпаролот на Обама, Џеј Карни за новинарите во понеделникот на конференција во Вашингтон.

„Имаме широк круг на интереси со Русите. И понатаму ја разгледуваме целисходноста на самитот. Очекуваме во наредните неколку денови да донесеме конечна одлука“, изјави Карни.

Средбата би требала да се одржи во Москва во септември веднаш после самитот Г-20 во Санкт Петербург.

Белата куќа повторно изјави дека ја разгледува целисходноста за посета на Барак Обама, особено откако минатата недела Едвард Сноуден доби привремен политички азил во Русија.

Сепак, Карни изјави дека „случајот Сноуден“ нема да биде тема на разговор при донесувањето на одлуката. „Разгледуваме цела низа прашања по кои имаме различни мислења“, изјави Карни.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња