WSJ: само Русија продолжува да се жали на „радиоактивните“ автомобили од Јапонија

Руска останува голем пазар каде се собираат многу половни автомобили, но истовремено тоа е единствената држава во светот која се жали поради „радиоактивните автомобили“, пишува The Wall Street Journal.

Како што претходно е објавено, главниот државен санитарен лекар на Русија, Генадиј Онишченко изјави дека експертите од Роспотребнадзор (Агенција за заштита на правата на купувачите) се загрижени од увозот на „радиоактивни“ јапонски автомобили. „Ако кај нас дојде автомобил и се забележи радиоактивност, ние веднаш го праќаме назад. Увезуваме околу 18.000 автомобили месечно од Јапонија, а враќаме назад неколку десетици“, изјави Онишченко.

Несреќата на „Фукушима“ од 2011 година предизвика евакуација во радиус од 20 километри околу нуклеарната станица. Катастрофата сѐ уште одекнува во рускиот Далечен Исток, во чии пристаништа и понатаму се задржуваат автомобили и резервни делови со зголемено ниво на радијација. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња