Во Русија се планира изградба на дури 80 пунктови за привремено сместување на илегалните емигранти.
Соодветниот нацрт-закон е подготвен од Федералната служба за миграција. Управата е намерена да го зголеми бројот на вработените до 4.500 лица.
Во последниве денови во полициските рации во Москва се приведени илјадници илегални работници. Во Голјаново, недалеку од Москва, отворен е првиот камп кој може да прими 1.000 луѓе. Кампот е речиси полн, но исто така постои и проблемот со неговиот статус.
Судските извршители заедно со Федералната служба за миграција ги депортираат емигрантите од привремените кампови во земјите од каде дошле.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче