Создавачот на проектот „Јо-мобил“, бизнисменот и политичар Михаил Прохоров, за време на посетата во Толјати изјави дека хибридниот автомобил ќе биде достапен во Русија кон крајот на 2014 година, пренесува „Радио Август“.
„Сѐ е во ред со проектот ’Јо-мобил’. Сега одиме низ неколку градови за да го покажеме автомобилот на луѓето. Фабриката каде ќе се произведува автомобилот се гради, и за жал, за година и половина мора да се одолговлече рокот за производство“, забележа Прохоров.
Според зборовите на претприемачот, „Јо-мобил“ ќе биде произведен во 30.000 парчиња на денот на неговото официјално претставување. Првата фабрика за производство на овој автомобил ќе биде изградена во Санкт Петербург.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче