Рускиот претседател Владимир Путин во телефонски разговор со австралискиот премиер Кевин Рад ги разгледа подготовките за самитот на Г-20 во Санкт Петербург, пренесе прес-службата во понеделникот.
Претседателот исто така разговараше и со турскиот премиер Реџеп Ердоган. Двете земји се договорија наесен во Москва да одржат седница на Советот за соработка на највисоко ниво меѓу Русија и Турција, како и да ја продолжат комуникацијата на самитот на Г-20.
Самитот Г-20 ќе се одржи на 5 и 6 септември.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче